Македонија ќе биде на удар на топлотен бран


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Високи температури кои ќе растат од 35 до 40 степени Целзиусови до крајот на неделава ќе го зафатат целиот Балкан.

Како што пишуваат регионалните медиуми, најзагрозени од овој топлотен бран се Црна Гора, Хрватска и Србија, каде што, во текот на целата седмица тропските горештини во некои предели ќе предизвикаат температури и до 42 степени.

Топлото време ќе почне денеска и ќе трае до завршетокот на седмицата, односно до недела. Најжешко се очекува да биде во приморските делови на Црна Гора, но и во централниот дел на Србија и на Белград, каде што тамошните метеослужби предвидуваат во некои региони да прогласат и црвен метеоаларм.

Од денеска и во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ, времето и во Македонија ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината.

Температурите денеска насекаде ќе бидат над 30, а во следните денови во повеќе места над 35 степени. Најтопло се очекува да биде во четврток и петок кога температурата на места ќе го надмине и 40-тиот степен.