Потврдено е: Алегри се враќа на тренерската клупа до Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сите релевантни италијански медиуми потврдија дека Масимилиано Алегри се враќа на клупата на Јувентус и во секој момент се очекува само официјализација.

Јасно беше дека Јувентус ќе се раздели со Пирло на крајот на сезоната, па со клупата на „бјанконерите“ се поврзуваа неколку врвни тренери.

Масимилиано Алегри имаше понуди од Интер и Реал Мадрид, но сепак се одлучи да ја прифати понудата на Јувентус каде ќе потпише 3-годишен договор.

Алегри пет години седеше на клупата на „старата дама“ и освои пет Скудета, а сега сака да започне нова ера.