Последниот ден од месец март во Македонија носи облачно време. Уште од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 20 Целзиусови степени. …