Home Вебкафе Му експлодираше плинскиот систем додека полнеше плин во автомобилот (снимка)

Му експлодираше плинскиот систем додека полнеше плин во автомобилот (снимка)

Ако ви е шубе и имате страв да вградите плински систем во автомобилот, по ова видео уште повеќе ќе бидете убедени дека стравувањата ви се оправдани и ќе верувате во поговорката „готви на плин, а вози на бензин“.

Сепак, во случајов станува збор за погрешно поставена плинска инсталација, односно незаконско поставување на делови без никаков сертификат.

Несреќата се случила на 16 март во предградието Форталеза, во североисточниот дел на Бразил, кога експлодирал резервоар за плин при завршувањето на полнењето. И покрај експлозијата која буквално го уништи Фолксвагенот, вработениот во плинарата и сопственикот на возилото поминале без повреди.

По експлозијата јасно се гледа ширењето на горивниот млаз кој вработениот го запира со исклучување на пумпата. Интересно е што резервоарот за гас кој наводно летал околу педесетина метри, не бил пронајден. Истрагата утврдила дека сопственикот поставил неисправна плинска инсталација и не ја поминал задолжителната безбедносна проверка. Исто така, вработениот не проверил дали системот е исправен пред да го полни плинот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Дали знаевте дека старееме во три фази? Нова студија открива: сè се менува на 34, 60 и 78 години!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА ВСУШНОСТ СТАРЕЕМЕ ВО ТРИ ФАЗИ? НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ ВЕЛИ: КЛУЧНИТЕ ПРЕСВРТИ С…