Со гол примен во 124-та минута Алжир остана без учество на Мундијалот во Катар – на тренерот буквално му се снеарни (снимка)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Камерун со гол во 110-та минута го елиминираше Алжир и се пласираше на Светското првенство, по што домаќините почнаа да тагуваат, а најмногу тоа го погоди селекторот Џамел Белмади.

Белмади падна на тревата и почна да плаче, а поради стресот покрај него беа и членовите на медицинскиот тим кои внимаваа на неговото здравје.

Никој не можеше да го утеши бидејќи знае каква шанса пропуштија, откако во првиот меч славеа победија со 1-0, додека во вториот губеа од 14. минута со голот на Чупо-Мотинг.

Алжир изедначи во 118-та минута, но не успеаја да издржат, па Токо-Екамби во 124-та минута погоди со што однесе Камерун на Мундијалот во Катар, каде што ќе биде во четвртиот шешир.