Жешката Дилета и најбрзиот човек на светот „се збркаа“ среде пустина (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Една од најатрактивните водителка и моментално официјално најбрзиот човек на светот направија одлична забава во пустина крај Дубаи.

Италијанката Дилета Леота според многумина е најубавата спортска телевизиска водителка на светот, а Лемонт Марсел Џејкобс секако е најбрзиот човек на Планетата ако се земе во предвид дека е Олимписки шампион од Токио и светски првак во сала во трката на 60 метри.

Во Дубаи извонредниот атлетичар има статус на божество, Џејкобс ужива во сите луксузи на градот но за медиумите знае да одработи и шоу во традиционалната арапска носија.

Во целата операција имаше голема помош од убавата Дилета.

Тие двајца одлучија да се тркаат на една рамна пустина крај Дубаи. Дилета имаше подобар старт, но сепак Џејкобс во белиот фустан во фотофинишот успеа да се фрли во целта.