Според пописот во Македонија 207 населени места се целосно испразнети


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Статистиката од спроведениот попис на населението покажува дека најмала според бројот на жители во Македонија е општината Зрновци со 2 086 жители, а најголема е општината Куманово со 98 104 жители.

Густината на населеност изнесува: 72.2 на км2. Пронајдени се 207 празни населени места. Просечната возраст на населението изнесува 40.08 години. Според возрасната структура, најголем процент од населението 7 отсто – се во возрасната група од 40-44 години.

Куриозитет е и што во Северна Македонија е попишанo 51 лицe на возраст над 100 години. Бројот на домаќинства изнесува 598 632, а просечниот број на членови на домаќинствата изнесува 3.06. Бројот на странци времено присутни во Република Северна Македонија помалку од 12 месеци, како дел од Вкупното нерезидентно население, изнесува 1 674 лица .