Трамп го повикува Путин да ги објави сите компромитирачки информации за синот на Бајден


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во екот на војната во Украина, бившиот американски претседател Доналд Трамп го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги открие потенцијално компромитирачките информации што може да ги има за синот на американскиот претседател Џозеф Бајден, Хантер.

Поранешниот републикански претседател тие обвинувања ги упати и претходно, за време на кампањата за претседател во 2020 година, а синот на Бајден ги негираше.

Во интервју за емисијата на медиумската група Риал Америкас воис, Трамп повтори дека сопругата на московскиот градоначалник им дала 3,5 милиони долари на Хантер Бајден и неговото семејство.

„Тоа се многу пари. Таа му даде 3,5 милиони долари и мислам дека Путин би го имал одговорот на тоа. Мислам дека треба да го објави тоа. Мислам дека треба да го знаеме тој одговор“, додаде Трамп во интервјуто од својот дом во Флорида.