Овој гест требаше да ги одбележи Оскарите, а не простачкиот шамар на Смит и невкусните шеги (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Емотивната средба помеѓу Лејди Гага и Лајза Минели за време на овогодинешното доделување на Оскарите стана вирална поради она што го направи Гага кога ја виде актерската дива како се мачи да го прочита текстот на сцената. Е оваа сцена и гест требаше да бидат носечкиот момент на оскаровската церемонија, а не простачкиот шамар на Вил Смит.

Имено, Гага и Минели заедно имале задача да ги читаат номинациите за Оскар за најдобар филм, а пејачката кога видела дека Минели има проблеми со изговорот, се спуштила да и шепне порака за поддршка.

„Јас сум со тебе“, рекла Гага, а Минели одговорила дека го знае тоа.

Инаку, Минели од 2000 година се бори со енцефалитис, воспаление на мозокот предизвикано од вирус кој ја стави во инвалидска количка, а болеста и предизвикува и проблеми со говорот.

Многу луѓе на интернет почнаа да го фалат потегот на Гага, а некои истакнаа дека моментот всушност требаше да биде врв на вечерта.

„Да беше уште една ноќ, луѓето ќе зборуваа повеќе следниот ден за моментот кога Гага рече „Јас сум со тебе“, а Минели рече „Знам““, напиша коментатор.

„Така треба да бидат Оскарите, а не непристојни шеги или срамни трикови за подигање на рејтингот кај луѓето на кои воопшто не им е грижа.“

„За жал, сите ќе се сеќаваат само на најлошото од овогодинешните Оскари, но запомнете што ѝ кажа Гага на Лиза“, рече трет.