Центристичката алијанса на Макрон „Заедно!“, според излезните анкети, освои најмногу пратенички места, а на второ место е Новиот народен еколошки и социјален сојуз (Нупес), предводен од левичарскиот ветеран Жан-Лук Меланшон. Според проекциите на агенциите Ифоп, Опинион веј, Елабе и Ипсос, алијансата „Заедно!“ освоила меѓу 200 и 260 пратенички места, додека Нупес ќе има меѓу 149 и 200 пратеници. Прагот за …