Понеделничка временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денешниот јунски понеделник во Македонија носи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. На места температурата ќе се искачи до 34 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Ултравиолетовото сончево зрачење се очекува да биде до осмиот степен. Во наредните денови температурите ќе бидат во пораст.

Според УХМР, утринската температура ќе се движи од 7 на повисоките места во земјава до 16 степени на крајниот југозисток, а максималната дневна температура ќе се движи од 24 до 34 степени.

Во Скопје и околината се очекува исто така сончево време со умерен северозападен ветар. Утринската температура ќе падне до14-иот степен, а максималната температура во попладневните часови ќе се искачи до 32-иот степен.

Во наредните денови ќе биде уште потопло, во среда се очекува на места да бидат измерени 38 степени, а во четврток 39 степени на југоистокот од земјава.