Еден Македонец отишол на лекар со болки во градите. Му направил докторот скенер и рекол: Имате лебарка во белите дробови. Треба да одите во Германија на операција. Отишол во Германија, го прегледале таму и му рекле: Вие сте 15ти пациент што ни доаѓа од Македонија. Белите ви дробови се совршено здрави. Кажете им на лекарите таму дека имаат лебарка скенерот.