Работата во српското Собрание во текот на вчерашната седница беше накратко прекината, бидејќи по вербален судир меѓу опозицијата и претседателот на Србија, Алексадар Вучиќ, речиси дојде до физичка пресметка меѓу пратениците. Во еден момент пратеници на Нова ДСС и Народна партија станаа од своите места, а пред нив застанаа пратеници на Српската напредна партија, па дојде до туркање меѓу нив. …