Петочна временска прогноза


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денеска, петок, 3. февруари, во Македонија наутро ќе провејува слаб локален снег претежно на североистокот, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец и дневна температура од 9 Целзиусови степени. Маврово 1, Охрид и Битола 5, Крива Паланка 4, Берово 3, Кавадарци и Дојран 10.

Утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Ветерот ќе продолжи и преку ноќта, а ќе надминува и брзина од 80 км/час.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со повремен дожд кој во делови од котлината ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Дневните температури ќе се движат од 1 до 10 степени.