Ѕирнете во BMW 7 од 1983 година – модел кој и тогаш бил последен крик на автомобилската технологија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Серија 7 (E23) од познатиот автомобилски бренд BMW, која се произведувала од 1977 до 1986 година, била последниот модел што го добил новото нумеричко означување. Најмоќниот модел 745и под хаубата имал голем 3,2-литарски шестцилиндерски бензинец.

Не 4,5-литарски, како што сугерираат бројките. Водителот на видеото на Јутјуб објаснува дека поради тоа што моторот имал турбина, и според математиката на BMW, произведувал исто количество моќ (252 коњски сили) како атмосферски 4,5-литарски мотор.

Моделот бил поим за германски луксуз. Не само тоа, туку бил и показна вежба за технолошките достигнувања на марката во тоа време. Со еден куп копчиња во кабината, ентериерот има и контролен панел за проверка. Ова му овозможувало на возачот да притисне копче и брзо да провери дали му недостасуваат течности во автомобилот.

Иако дизајниран за 1977 година, серија 7 имала и борд-компјутер. Иако не бил првиот модел на BMW со компјутер, имал интересни футуристички содржини како проценето време на пристигнување при патување. Моделот предводел и во смисла на безбедноста, со сосема нови зони на прекршување како и засилени носачи на покривот што значело дека автомобилот е побезбеден.

Приказната на серија 7 на BMW е приказна од историјата на автомобилскиот свет. моделот од првата генерација ги внел модерната безбедност и компјутерската технологија, а сега BMW i7 доаѓа со сличен напредок на полето на погонската технологија. Сепак, времето ќе покаже колкава тежина ќе има новиот модел по 40 години.