Таткото на еден од починатите во автобуската несреќа кај Ласкарци обвинува: Од авион се гледа дека супервештачењето е нарачано


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Благојче Трпески, татко на еден од починатите во автобуската несреќа кај Ласкарци, после денешното судско рочиште за споменатата трагедија рече дека лицето што сведочи, што е на испитување, не ги знае основните работи за основните карактеристики на автобусот, како дошло до несреќата, кои доказни материјали ги зеле, така што, како што вели, од авион се гледа дека ова е нарачано супервештачење и дека нема ништо спорно меѓу вештачењето направено претходно на Обвинителството и на одбраната.

– Значи, оваа фарса треба да заврши, бидејќи ако судот веќе го нарача супервештачењето, тоа значи дека супервештаците треба да бидат по знаење и по сите релевантни фактори да ги соочат фактите од вештачењата на обвинителот, на одбраната и да донесат заклучок каде е вината и што е вината. Сведоци сте, присутни сте на второто судење, д-р на науки на најосновни прашања на обвинителот, еве ќе посочам и едно од тие на претходнот рочиште го прашува супервештакот каков систем на кочење имал дотичниот автобус. Може да замислите супервештачење, дотичното вешто лице да не знае каков систем на кочење има дотичниот автобус, дали имал хидрауличен, автоматски или воздушен. Значи, на секое прашање на обвинителот ги листа страните од тоа супервештачење, тоа се 50-60 страници, повеќе се слики и заклучокот се сведува на неколку страни. Тоа покажува дека ова нарачано супервештачење од страна на судот, а посебно на одбраната паднаа маските и луѓето што ја направија оваа вина – 16 загинати и седум тешко повредени мора да сфатат и јавноста и судот, посебно судот. Сведоци сме уште еднаш дека ова прераснува во Монти пајтон циркус. Судијата дозволува судењето да оди во погрешна насока. Замолуваме уште еднаш како родители, како оштетени да ги сослуша сите релевантни докази и факти што се приложени од супервештачењето иако дека ова нема врска со што го има понудено супервештачењето, рече тој.