Осуммина поранешни високи функционери заминуваат од врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу членовите на Извршен на ВМРО-ДПМНЕ веќе не се Владимир Пешевски, Емил Димитриев, Зоран Ставрески, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер и Сашо Мијалков, кој пред почетокот на состанокот денеска самиот најави дека се повлекува од сите партиски функции. Во ИК нема да биде ниту Кирил Миновски, поранешниот министер за финансии. …