Актуелно

МНОГУ ИЗНЕНАДУВАЊА: ВМРО-ДПМНЕ избра нов Извршен Комитет

Сосема нови лица, од кои некои предводници на последните протести се најдоа во новиот Извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ. Така во ИК влегува и популарниот Бетмен Велит, односно Богдан Илиевски, кој беше еден од водачите на протестите за унитарна Македонија, а покрај него и младиот историчар Никола Србов, кој исто така во последно време беше прилично активен. Од ’старите’ проверени кадри, тука се само неколкумина.

Пратеникот Антонио Милошоски ја пренесе најновата информација на неговиот ФБ профил:

ВМРО-ДПМНЕ избра нов Извршен Комитет! Едногласната поддршка од Централниот Комитет е голема обврска.
Чест ми е што во тимот ни се придружуваат докажани луѓе како
– Проф. Драги Димитровски
– Д-р Игор Николов , нефрологија
– Проф. Христијан Мицкоски, ген.секретар
– Зеќир Рамчиловиќ, пратеник
– Александар Николоски, меѓ.соработка
– Џери Наумов, странски инвестиции
– Златко Перински, м-р човечки ресурси
– Никола Србов, м-р историчар
– Славе Трпески, катастар
– Ане Лашкоска, пратеник
– Сеад Солаковски, лекар од Лабуништа
– Марио Цветковски, Куманово
– Дијана Транталовска, ветеран
– Богдан Илиевски Бетмен, граѓ.активист
– Светлана Колариќ, К. Вода
– Александар Георгиев, портпарол
– Дејан Јовановски, спортист/ кошаркар
– Анета Стојановска Стефанова

Пожелувам на сите да работат со чест кон ВМРО, и со достоинство за Македонија!

To Top