Овие 12 славни фаци не рецкаат ни компјутери, ни интернет, ни социјални мрежи


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Додека повеќето славни фаци од Холивуд се хиперактивни на социјалните мрежи, мала група од нив не сакаат никаква врска со технологијата.

Американскиот комичар со уметничко име Луис С. К. веќе подолго време изразува противење на употребата на мобилен телефон, бидејќи како што вели во едно интервју од 2013 година, мобилните ја подриваат човечката способност за сочувство.

Оскаровецот Кристофер Вокен, зборувајќи за филмот The Family Fang, изјави дека не користи компјутер. Толку е надвор од технолошката револуција што, во една прилика, продуцентот на филмот за време на снимањето му позајмил телефон, а овој му го вратил после завршување на снимањето на филмот.

И Винона Рајдер, во интервју во 2010 година, изјави дека не користи интернет, а истата година призна дека и компјутер користи многу ретко.

„Имам e-mail на мојот BlackBerry и тоа е тоа“, изјави актерката.

Анџелина Џоли пред неколку години призна дека не знае ни како да вклучи компјутер. „Мојот мозок е премногу распрснат, жиците одат во најразлични правци. Ќе се држам до каталози“, рече славната Џоли.

И нејзиниот бивш сопруг, Бред Пит, не е многу поразличен. Актерот изјави дека не знае да користи компјутер и дека не сака да учествува во „машинеријата за публицитет“.

Британскиот музичар Елтон Џон неодамна изјави дека интернетот би требало да се исклучи на пет години. „Да излеземе на улиците и да протестираме, наместо да седиме затворени дома и да пишуваме блогови“, рече тој за британскиот таблоид Sun.

И Џорџ Клуни е голем противник на Фејсбук и Твитер. „Побрзо би направил ректален преглед во живо, на ТВ, отколку да направам Фејсбук профил или страна“, рече тој. Во интервју за Esquire изјави дека секоја славна личност која има профил на Твитер за него претставува морон.

Актерката Рејчел МекАдамс во 2009 година призна дека вести уште слуша на радио, бидејќи нема телевизор, и дека доста лошо се снајдува со праќањето е-меил пораки.

Еминем во 2010 година за Spin изјави дека не сака да користи компјутер, бидејќи во тој случај константно би читал коментари за себе кои, како што вели, би го довеле до лудило. Иако се придружи на Твитер во 2009 година, до сега има твитнато само 642 пати.

Актерот Џејк Гиленхал, во 2014 година, во разговор за USA Today, изрази фрустрација поради тоа што луѓето денес постојано гледаат во своите мобилни телефони, наместо да комуницираат едни со други.

Џенифер Лоренс во 2014 година, за BBC Radio 1, изјави дека твитањето за неа е неподносливо. „Не сум добра со телефоните и технологијата. Едноставно не можам да држам чекор со тоа, така што идејата за Твитер ми е незамислива“, беше искрена таа.

И Сара Џесика Паркер, во 2013 година, за E! News, изјави дека воопшто нема мобилен. Исто така, изјави дека не ја гледа смислата во постојаното фотографирање за социјалните мрежи.