Home Спорт Нервозниот табиет си има цена: Му се заканува суспензија и пропуштање на „Ел Класико“

Нервозниот табиет си има цена: Му се заканува суспензија и пропуштање на „Ел Класико“

Играчот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо се соочува со суспензија и со тоа да го пропушти „Ел Класико“ против Барселона на 23 април, бидејќи на дербито во саботата против Атлетико Мадрид му се развика на судијата.

Роналдо некоректно се однесуваше кон судијата Рикардо де Бургос, по една негова одлука да досуди гол-аут и топка за противникот.

Според пропозициите на Ла Лига доколку играч изрази непочитување кон судијата или официјлано лице на натпревар, може да биде казнет со 2 до 3 натпревари или еден месец неиграње.

За Роналдо постои опасност да го пропушти дуелот со Барселона (23 април) и доколку на следниот натпревар против Реал Сосиедад добие жолт картон. Можно е исто како и пред дуелот со Атлетико Мадрид, тренерот Зиндеин Зидан да го изостави од тимот напаѓачот. Реал Мадрид во среда гостува кај Баерн Минхен во рамките на четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…