
Инде Наварет на 31 октомври ќе биде водителка на епизодата на „Saturday Night Live“ посветена на Ноќта на вештерките. На 25-годишната ѕвезда на „Obsession“ ќе ѝ се придружи Грејси Абрамс како музичка гостинка.
Ова ќе биде првпат Инде да го води популарното шоу со хумористични скечеви, уште еден значаен момент во нејзината успешна 2026 година. Претходно го привлече вниманието со хорор-филмот „Obsession“, а доби и улога во претстојниот филм „X-Men“.
За оние што се прашуваат дали актерката е слободна, одговорот е не: таа е во врска со музичарот Ник Ајело.

Иако ретко споделуваат детали за својата врска, Инде и Ник годинава неколкупати беа забележани заедно. Првпат беа видени во мај во Лос Анџелес, кога доцна навечер излегоа по такоси. Во август беа фотографирани како го напуштаат „Шато Мармон“.
Подоцна истиот месец двојката присуствуваше на отворањето на тенискиот турнир Ју-ес опен во Њујорк. На почетокот на октомври, Ник објави нејзина фотографија од патување во Фиренца, Италија.
Не е познато кога точно ја започнале врската, но и двајцата објавуваа фотографии еден од друг додека беа на фестивалот „Коачела“ претходно годинава.
Ник е пејач од Илиноис, кој во февруари го објави своето прво соло ЕП-издание. Според неговата веб-страница, од 2019 година пишува, снима, продуцира и самостојно објавува музика, а зад себе има и бројни меѓународни соработки.
Извор: Just Jared