Нејмар: „Меси, што правиш таму?“


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


ПСЖ вчера го победи Манчестер Сити со 2:0, па после натпреварот во таборот на овој тим беа одлично расположени.

Меси го постигна својот првенец за ПСЖ и тоа го направи на атрактивен начин. Ситуацијата која исто така привлече внимание од медиумите се случи во финишот од натпреварот кога Манчестер Сити изведуваше слободен удар.

Во таа ситуација Меси легна позади живиот ѕид, тоа го искористи Нејмар да се пошегува на сметка на својот соиграч. Нејмар ја објави фотографијата на Инстаграм и напиша: Меси, што правиш таму?