Европскиот ракометен вицешампион на колена во Скопје – Вардар подобар од Алборг


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вардар денес во Скопје играше против актуелниот европски вицешампион и црвено-црните прикажаа игра која ветува.

Од почетокот на мечот се играше изедначено, за потоа некаде од осмата минута да следи пад во играта на Вардар. Во тој период Алборг на два пати дојде и до плус четири. Но, од тој момент кога Алборг водеше со 7:11 следуваше одлична игра на Вардар. Во вистински момент Вујовиќ направи и промена на голот, Борко го замени Томовски.

До крајот на полувремето Борко собра пет одбрани за околу 17-18 минути на паркетот. Вардар дојде до изедначувањер и со 16:16 замина на пауза.

Во вториот период Вардар истрча мотивирано, Борко продолжи да блеска на голот, а во нападот одлични беа браќата Њокас и Дибиров. Немаше решение одбраната на Алборг за ударите на двајцата Њокас од далечина, со одличниот Ристовски беа најсилната страна на Вардар.

На 10 минути до крајот Вардар влезе со предност 27:24. Тука Ристовски имаше обид од гол на гол по еден одбранет удар, но за жал за малку беше непрецизен. Во самиот финиш од натпреварот на три минути до крајот Алборг со навистина три лесни голаа дојде до намалување еден гол заостанување 29:28. Следниот напад Вардар одново не го реализираше, Алборг доби прилика да изедначи. Но, на голот повторно беше Ристовски кој ја запиша 15. одбрана на натпреварот.

На минута ипол до крајот Вардар имаше гол предност и напад за два разлика. И тогаш Оливие Њокас се издигна со нов шут од далечина и Вардар дојде до 30:28. До крајот Борко запиша и уште една одбрана.

„Mу честитам на мојот колега за она што го прави, според мене Алборг игра најдобар ракомет во Европа. Имав голем респект пред натпреварот, но тоа исчезна на теренот. Борко сигурно дека денес беше еден од клучните играчи. Уште еднаш ќе посочам дека Алборг е сигурно помеѓу најдобрите четири екипи. Но, да одиме чекор по чекор. Сега не чека Бутел во домашното првенство и мораме да го промениме тимот и начинот на размислувања, така можам да кажам дека тоа е нашиот проблем во овој момент“, изјави Вујовиќ.

Вардар сега после три кола е првопласиран во својата група.