Отворањето на изборниот штаб на ДУИ во Чаир „симболично одбележано“ со истрели од пиштол (снимка)


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Отворањето на штабот на ДУИ во Чаир за претстојните локални избори беше проследено со овации, аплауз и пукање.

Пред присутните се обратиле првиот вицепремиер Артан Груби, актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат во Чаир Висар Ганиу и пратеникот, потпретседател на ДУИ и ексградоначалник на општината, Изет Меџити, пренесува ПлусИнфо.

Како што може да се види од видеото, симпатизерите кои присуствувале на отворањето на изборниот штаб бурно го поздравуваат Меџити, ракоплескаат, го извикуваат неговото име и на крај го поздравуваат со рафална стрелба.