Home Шоубизнис Рик Флер се огласи по падот во Тампа: „Ќе бидам добро“

Рик Флер се огласи по падот во Тампа: „Ќе бидам добро“

Рик Флер на 44. доделување на спортските награди Еми

Рик Флер им се обрати на обожавателите откако неделава доживеа пад поради кој заврши во болница.

Поранешниот професионален кечер на WWE, кој има 77 години, паднал откако преминал улица во Тампа, Флорида, во петокот, на 23 октомври. Со амбулантно возило бил пренесен во болница.

Рик Флер излегува на својот последен меч во Нешвил

Според објавените информации, Флер се здобил со расекотини на главата и кај окото, проследени со обилно крвавење. Можно е да претрпел и потрес на мозокот.

Следниот ден тој се огласи на Инстаграм за да сподели како се чувствува и да им се заблагодари на лекарите и на болничкиот персонал што се грижеле за него.

„Ви благодарам на сите за пораките и молитвите! Како што ќе ми се враќа силата, ќе ви одговорам на секого поединечно“, напиша Флер покрај објавената фотографија. „Благодарам на целиот персонал и на лекарите во Општата болница во Тампа, кои ме трпеа до 4:30 часот наутро. Ве ценам сите и ви благодарам за сè што направивте за мене!“

Флер порача дека во моментов е „посветен на заздравувањето и закрепнувањето“, додавајќи: „Ќе бидам добро!“

Тој се осврна и на активноста на неговиот профил на Фејсбук по пренесувањето во болница.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Таткото на Меган Маркл ги отфрли обвинувањата за сексуална злоупотреба на дете

Томас Маркл постариот, кој е во нарушени односи со ќерка си Меган Маркл, ги негира обвинув…