Во рамки на Прилепско културно лето 2016 година, во четврток 18.08.2016 прилепчани ќе имаат несекојдневна можност да слушнат и да уживаат во композиции од класичната музика, изведени од професионални музичари, уметници од Прилеп. Така, во изложбениот салон при ЦК Марко Цепенков ќе настапат Гоце Секулоски (труба), Ана Митоска – Стојаноска (вокал), Катерина Попоска (вокал), Андријана Дукоска (виолончело), Ангелка Поповска (флејта) …