Што открива неговата омилена поза во сексот за него
Секако, неговата омилена поза овозможува најдобар врв, но на потсвесно ниво таа може да открива нешто повеќе за неговата личност…
Во овој текст ќе објасниме што неговиот главен потег може да открие за неговата личност во кревет и како да имате што подобра забава под прекривачите.
МИСИОНЕРСКА
Поза: Мисионерската поза е “класика”, така сме научиле дека сексот треба да изгледа и сцена која често ја гледаме во филмовите и сериите. Иако оваа поза е најкласична, маж кој ја обожава можеби е несигурен или му е потребно постојано уверување дека уживате во сексот, бидејќи на овој начин може совршено да ги види вашите реакции. Исто така значи дека обожава контрола, бидејќи во оваа поза ја има сета “моќ”. Постои голема доза интимност, бидејќи има директен контакт “лице во лице”, но нејзината обичност сугерира дека мажот не е сигурен кога се во прашање други пози и движења. Романтична е, но не и авантуристична.
Како да ги зачиниш работите: Нема ништо лошо во љубење на класиката, но внимавајте понекогаш да преминете и на “дивата” страна. Меѓутоа, ако може да дојде до врвот само во оваа поза, тука лежи проблемот и ќе мора да го “препрограмира” својот сексуален живот. Обидете се да преминете на друга поза – да бидете на него, бидејќи дозата на интимност е иста, а вие ќе ја намалите неговата контрола и ќе станете главни – на тој начин додавајќи зачини.
“ДОГИ” ПОЗА
Поза: Засега нема маж кој не ја обожава оваа поза. Според некои убедувања, вака мажот треба да има секс. Лубител на оваа поза сака да го покажува својот “животински” инстинкт како крал на џунглата, но исто така има страв од интимност и генерално е неромантичен.
Како да ги зачиниш работите: Во оваа поза можете да доживеете најдлабока пенетрација, но она што добивате “во длабочина”, губите во интимност. За да го комплетирате тоа, преминете на “ложичка” поза понекогаш. И понатаму ќе биде зад вас, но удобноста на таквиот секс ќе ве зближи и едновремено ќе можете да се гушкате.
“ЖЕНА НА ВРВОТ”
Поза: Убавината на оваа поза е во тоа што можете да ја извршувате на милион начини – а сè е на вас да одлучите. Мажите кои сакаат жената да биде на нив, покажуваат дека сакаат да им угодат на партнерите. Мажот е сигурен во себе иако е во “подредена” положба, но исто така знае да биде доминантен кога партнерката ќе ја донесе до оргазам со подлабока пенетрација. Практично, неговото задоволство е вашето задоволство.
Како да ги зачиниш работите: Знаеме дека сака да гледа сè од таа перспектива, но дозволете му понекогаш да преземе контрола така што ќе ве преврти на страна. Ќе ви прииде промената во “моќта”, а погледот не е лош и од таму.
ЛОЖИЧКА
Поза: Оваа поза најмногу потсетува на гушкање и спиење со партнерот, па не е чудно што е ова супер-интимна поза омилена на тие мажи кои имаат повеќе нежност. Но, мажите кои ја сакаат оваа поза не се слабаци, туку се страсни и желни да ја задоволат својата партнерка.
Како да ги зачиниш работите: Сите сакаат да ја доживеат сладката страна на сексот и убаво е што е романтичен, но сè уште можете да бидете интимни ако внесете малку оган во вашиот сексуален живот. Додека сте во “ложичка” поза, дозволете му да го стимулира вашиот клиторис или пробајте поза слична на мисионерската каде што ќе можете да се гледате директно во очите.
СТОЕЧКИ
Поза: Притиснати до врата, потпрени на работната површина на кујната или во туш кабина, можете да имате стоечки секс било каде, само не во кревет. Затоа мажите кои обожуваат оваа поза се најдобри, бидејќи се авантуристи и претежно возбудени од идејата да бидете малку лоши. Стоечкиот човек е “лукав љубовник кој добива возбуда кога постои опасност да бидете фатени и сака да има што повеќе забава без разлика на последиците”.
Како да ги зачиниш работите: Новините се дел од тоа што сексот го прави вруќ, па не дозволувајте таа врева да опадне со постојан секс во оваа поза. Изберете различни локации или преминете на “доги” поза. Можете да стоите или да се потпрете преку масата за да бидат работите поинтересни.