“`html
Постојат безброј трикови, но овие два едноставно ги менуваат правилата на играта!
Не е толку тешко да се совлада ракувањето со фигаро или преса за коса, но овие два трика го прават тоа уште полесно и го скратуваат времето потребно за совршена фризура.
Без разлика дали сакате локни или бранови, имаме супер идеја за вас. Едниот трик е наменет за создавање нежни бранови, а другиот за подолго задржување на коврџите.
Ако сакате феноменални бранови, а имате на располагање само фигаро или преса, неколку часа пред да треба да излезете, исплетете колку сакате плетенки според тоа колку интензивно сакате да бидат брановите. Може да ги исплетете и вечерта пред тоа и да ги оставите во текот на ноќта или непосредно пред полетување – се зависи од вашата коса.
За да ја добиете саканата фризура, едноставно земете фигаро или преса и неколку пати минете преку плетенките. Ако користите фигаро, повторете го ова неколку пати пред да ја отплетете косата бидејќи не ја покрива истата површина како и пресата. Косата растресете ја со прсти и, ако сакате, нанесете малку лак за да трае подолго.
Ако сакате локни кои ќе траат долго, поделете ја косата за создавање локни со фигаро, па започнете како што обично правите. Единственото различно е дека ќе ја увивате косата од средината, а не од краевите или коренот како што обично би направиле. Како што се покажува, кога на овој начин правиме фризура, локните траат подолго од вообичаено. Секако, за додатна сигурност едноставно нанесете малку лак.
Инаку, лакот за коса ќе биде помалку забележителен ако го користите слично како пената. Пената би ја истуриле во дланката, па понатаму би ја разнеле, а лакот го нанесете на саканиот дел од косата, па потоа со дланки минете неколку пати додека не го нанесете на целата должина.
Но, ако ви траат кратко брановите и локните, избегнувајте ја оваа метода бидејќи може да донесе токму спротивен ефект од оној кој го посакувате.
Ете, тоа се двата трика кои ги откривме за вас. Ако одлучите да ги пробате, напишете ни како ви испаднало.
“`