„Најмал“, ама скап!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако сте обожаватели на минимализмот и веќе некако ви пречат и ве иритираат оние големи и колоритни екрани, сигурно ќе ве заинтересира и ќе бидете задоволно од новиот уред ReMarkable 2,. Уште го нарекуваат и „најмалиот таблет во светот“, а може да се користи за читање, пишување и фаќање белешки.

Првиот модел ReMarkable се појави уште во 2017 година и во тоа време се сметаше за важен чекор кон e-ink таблетите. Споредуван е со Kindle уредите, само што од нив е нешто поголем, и може да се користи и за пишување. Експертите го опишаа искуството за пишување како „одлично“, и истакнаа дека батеријата траела доволно долго, а единствениот проблем е цената од 599 долари, која нешто подоцна се спушти за 100 долари.

Првиот ReMarkable доби многу софтверски ажурирања во последните две години, па скоро го претвори во сосема нов таблет. Така, пристигнаа нови функции како оние за препознавање на ракопис, и оние кои овозможуваат копирање и пренесување на текст, а оние кои ги тестирале тврдат дека работи беспрекорно.

ReMarkable 1.0 не бил прилично совршен, но беше доволно близу до тоа, па од ReMarkable 2 моделот се очекуваше уште повеќе. Дојде со смалени димензии, па во моментов е најмалиот таблет кој може да се најде на пазарот, и со редизајниран хардвер кој подоцна во пишувањето со 40 милисекунди се сведе на само 20. Уредот може да се купи за 399 долари, па така и цената е малку поповолна во однос на претходниот модел.