Велурот им дава посебна елеганција и впечатливост дури и на фустаните со наједноставен крој. Неговата мека текстура и дискретниот сјај создаваат впечаток на луксуз, па затоа често му се враќаме кога сакаме облека што ќе привлече внимание. Особено убаво изгледа на фустани за вечерни излегувања и свечени пригоди, без разлика дали се со едноставна силуета или со впечатливи детали.

@rousseline.official
Миди фустани од велур за префинет изглед
Миди должината е добар избор кога сакате спој на едноставност и елеганција. Кај велурот убаво се истакнуваат и кроевите што ја следат линијата на телото и моделите со благо нагласен струк или полелеава силуета. Во зависност од дизајнот, ваквиот фустан може да изгледа ненаметливо или да биде главниот акцент во целата комбинација. Со класични салонки и дискретен накит, миди фустанот од велур е одличен избор за вечерно излегување или за посебна пригода.



Reserved

H&M

Reserved
Кратки фустани од велур за повпечатлива комбинација
За оние што претпочитаат пократки кроеви, мини фустаните од велур се одлична алтернатива на класичните вечерни модели. Самиот материјал им дава доволно карактер, па и едноставниот дизајн изгледа посебно. Моделите со долги ракави оставаат елегантен и одмерен впечаток, додека оние со поотворено деколте, нагласени раменици или припиена силуета внесуваат доза привлечност. Зависно од кројот, можете да ги носите со високи чизми или со салонки.

@artem.smirnov.clothing

@artem.smirnov.clothing

Извор: Lepota i Zdravlje