На страна влијанието на другите болести – еве зошто КОВИД-19 различно се манифестира кај разни пациенти


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Болеста која ја предизвикува новиот коронавирус, КОВИД-19, покажа и докажа во безброј наврати дека различно се манифестира и на различен начин влијае врз здравјето и организмот на разни пациенти со релативно исти или слични физички здравствени состојби, со слична возраст и медицинска историја.

Сајанс објавува нова меѓународна научна студија (200 истражувачки центри во 40 држави), која покажува дека кај дел од пациентите, посебно кај мажите, болеста се развива значително полошо поради претерана реакција на сопствениот имунолошки систем.

10% од речиси 1.000 пациенти со ковид-19 чиј живот бил во опасност поради пневмонијата што ја развиле, имале антитела што успешно ги онеспособиле клучните протеини во одбранбениот систем на организмот, наречени – интерферони. Овие антитела (кои се водат како автоантитела, затоа што го напаѓаат самиот организам) воопшто не се најдени кај 664 пациенти со умерен или асимптоматски ковид-19. Само 4 од 1.227 здрави пациенти ги имале автоантителата.

Во втора студија на истиот тим од ЦХГЕ (Covid Human Genetic Effort) авторите откриваат дека дополнителни 3,5% од критично болните пациенти имале мутации на гените што треба да ги контролираат интерфероните што се борат против вирусите.

Интерфероните се првата линија на одбрана од инфекции и тие го алармираат организмот и ја активираат армијата на гени што треба да се борат против вирусот. Оваа функција е посебно важна кога се во прашање нови коронавируси, како ковид-19, кои телото никогаш до сега ги нема сретнато, па интерфероните треба што повеќе да алармираат, бидејќи „ако не алармираат со време, може секаде да имаш вируси и тоа во огромни броеви.“

Пациентите во оваа студија не создале автоантитела како одговор на вирусот, туку тие ги имале нив уште пред да се заразат. Тоа што уште не им е јасно на докторите од студијата е зошто овие автоантитела не предизвикале никаков проблем сѐ додека пациентите не се заразиле со ковид-19, „коронавирусот, или имунолошкиот одговор што тој го предизвикал, како да ги активирал“ автоантителата.

Дополнително изненадување во резултатите е тоа што 94% од пациентите во студијата што имале автоантитела биле мажи. Ова е комплетно неочекувано, имајќи предвид дека автоимуните болести (во кои имунитетот се врти против организмот што треба да го брани) се далеку почести кај жените.

Професорката по имунологија на Јеил Акико Ивасаки објаснува дека неколку гени што се дел од одбраната на имунолошкиот систем од вируси се во Х-хромозомот, од кој жените имаат два примероци (заедно со два примероци од секој ген), а мажите само еден. Ова значи дека жените имаат бекап доколку примерокот на некој ген стане дефектен, додека мажите немаат копија што би го коригирала проблемот.

Една од жените во студијата што развила автоантитела, страдала од ретко генетско нарушување поради кое имала само еден Х-хромозом.

И покрај генетската предност, жените пак поинаку страдаат од ковид-19, и излегува дека тие поверојатно подолго време да страдаат од ковид-19 симптоми, кои кај нив знаат да траат со недели или месеци. Тие вклучуваат замореност, малаксаност и ментална збунетост позната како „мозочна магла“.

Еден од заклучоците на научниците е дека тестирањето на автоантитела може да помогне како маркер за тоа кој пациент е поверојатно потешко да се разболи од ковид-19.