Сончев есенски четврток


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денешниот ноемвриски четврток во Македонија носи сончево време. Во утринските часови ќе биде променливо облачно, а преку денот сончево со мала облачност и со слаб претежно североистеочен ветер.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје и Битола 13 Целзиусови степени, во Маврово 9, Охрид и Крива Паланка 12, Кавадарци 15, Берово 10, Дојран 17.

Утре ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а попладне и засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Дневните температури ќе се движат од 8 до 16 степени.