Мбапе со очајна статистика на Европското првенство


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Килијан Мбапе важеше за една од најголемите ѕвезди на Европското првенство од кого и неговата Франција, но и целокупната европска и светска фудбалска јавност која го сака овој спорт имаше големи очекувања. Но, испадна дека Мбапе сигурно ќе сака што побрзо да го заборави овој турнир, откако синоќа беше трагичар во елиминацијата на Франција.

Мбапе не може да се пофали со добри настапи на ЕП бидејќи неговата статистика е очајна на континенталниот собир.

Еден од најдобрите фудбалери во светот постигна 27 голови во Лига 1 минатата сезона, но на ЕП играше во непрепознатливо издание бидејќи не успеа да постигне ниту еден погодок.

Според статистичарите, Мбапе имал 14 удари кон противничкиот гол, и тоа повеќе од било кој друг фудбалер на ЕП, но не успеа да постигне ниту еден погодок за Франција.