Мапава прикажува каде туристите трошат најмногу пари – ја гледате Македонија?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светската туристичка организација (WTO) го дефинира трошењето во туризмот како секоја сума која ја потрошил еден меѓународен турист во некоја земја во која патувал, вклучително и трошоци како превоз, производи и услуги.

Интернет страната howmuch.net ги искористи податоците од WTO за трошењето на туристите во 2017 година за да направи визуелен приказ на потрошувачката на странските туристи во државите од цел свет. Важно е да се нагласи дека овие податоци не ја вклучуваат потрошувачката на домашните туристи, туку исклучиво прикажуваат колку пари трошат странските туристи и колку секоја земја зависи од меѓународниот туристички пазар.

На мапата земјите се прикажани со големина која е пропорционална на потрошувачката на странските туристи во неа – што значи дека најголемите земји на мапата имаат и најголеми приходи од меѓународен туризам. Различните бои ги разликуваат земјите од различни континенти.

Топ 10 земји кои најдобро профитираат од меѓународен туризам се:

1. САД (221 милијарда долари)

2. Шпанија (68 милијарди долари)

3. Франција (61 милијарда долари)

4. Тајланд (57 милијарди долари)

5. Велика Британија (51 милијарда долари)

6. Италија (44 милијарди долари)

7. Австралија (42 милијарди долари)

8. Германија (40 милијарди долари)

9. Макао (Кина) (36 милијарди долари)

10. Јапонија (34 милијарди долари)