Казахстан го почестивме со 4 „парчиња“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Maкедонската фудбалска репрезентација денес одигра одличен натпревар и запиша убедлива победа на последната контролка пред Европското првенство.

Од самиот почеток ние бевме репрезентацијат која го диктираше темпото, Елмас им создаваше проблеми на гостите со своите соло продори. После еден таков соло продор Елиф изнуди пенал, а сигурен реализатор во 35. минута беше Езгјан Алиоски. Казахстанците во финишот од првиот дел останаа и со играч помалку, директен црвен картон заработи Мужиков. Со предност од 1:0 заминуваме на пауза.

Второто полувреме помина во целосна доминација на Македонија, а тоа можеше да се види и на теренот затоа што постигнавме уште три гола.

Тричковски прво во 57. минута погоди за 2:0. Тоа беше една одлична акција која започна од Пандев кој маестрално го пронајде Костадинов за тој да му асистира на Тричко.

Во 73. минута првенецот во македонскиот дрес го постигна Милан Ристовски, а само две минути подоцна Дарко Чурлинов ги постави конечните 4:0.

Ова беше последен натпревар за Македонија пред Европското првенство, сега ја чекаме Австрија на 13. јуни во Букурешт и дебито на големата сцена.

Фото: ФФМ