Кај лилјаците откриен нов коронавирус сличен на КОВИД-19


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најновите научни истражувања поврзани со КОВИД-19 упатуваат на тоа дека вирусот најверојатно еволуирал по природен пат, односно тргнал од лилјаците преминал на други животни сè додека не развиле потребните мутации за премин на човекот што резултираше со глобална пандемија.

Научниците во најновото истражување ја поткрепуваат оваа хипотеза со пронаоѓање уште еден вид корона вирус кај лилјаците и со воочување специфични мутации кои го вметнуваат генетскот материјал во вирусниот геном.

Таквите мутации покажуваат дека ваквите промени во геномот, каде доаѓа до еволуција на вирусот, многу лесно може да настанат по природен пат, пишува „Сајанс Алерт“.

„Од кога се појави Ковид-19, постоеја разни шпекулации за тоа дека тој вирус е створен во лабораторија“, рече микробиологот Веинфенг Ши од Универзитетот Шандонг.

„Конкретно, некои рекоа дека деловите на S1/S2 делуваат многу необично и дека можеби се работи за лабораториска манипулација. Нашата работа јасно покажува како ваквите промени се случуваат во дивината, по природен пат“, додаде тој.

Корона вирус RmYN02

Новооткриениот сој корона вирус, кој е наречен RmYN02, идентификуван е во анализа на 302 примероци земени од 227 лилјаци кои живеат во провинцијата Јунан во Кина. Научниците по проучувањето на примероците откриле два речиси комплетно нови генома на корона вирус – RmYN01 и RmYN02.

RmYN01 слабо се поклопувал со корона вирусот кој е причина за моменталната пандемија (SARS-CoV-2). Но, тоа не било случај со RmYN02, кој 93,3% од својот геном го дели со вирусот SARS-CoV-2.

Што се однесува на процеост на вметнување, RmYN02 содржи делови на аминокиселини на место на кое се состануваат двете подединици S1 и S2. SARS-CoV-2 исто така има делови на S1 и S2. Иако се работи за исти аминокиселини, овие делови покажуваат дека до процесот на вметнување може да дојде по природен пат.

Покрај многуте сличности меѓу овие два корона вируси, не значи дека RmYN02 е директен предок на корона вирсуот кој ја предизвика пандемијата, особено ако се земе предвид дека во важен ген за врзување на рецепторите се исти само 61,3 отсто. Но, пронаоѓањето на нови геноми на корона вируси и понатаму е важно затоа што може да ни открие како вирусот SARS-CoV-2 се развил во она што е денес.

„Нашата студија одново ни потврди дека лилјаците, посебно оние од родот Rhinolophidae се важни природни резервоари и дека во нив се наоѓаат, колку што сега ни е познато, најблиските роднини на вирусот SARS-CoV-2″, напишаа научниците во својата студија.

Потрага по изворниот предок

До сега на вирусот кој предизвикува Ковид-19 најсличен му е корона вирусот RaTG13, исто така најден во лилјаците, а кој е ист со него во 96,1 осто од РНК.

„Ни RaTG13 ни RmYN02 не се изворни предоци на вирусот SARS-CoV-2 затоа што уште постои еволуциски јаз меѓу тие вируси“, објаснува Ши.

„Нашето истражување укажува на тоа дека се потребни понатамошни студии и примероци од повеќе видови диви животни за да откриеме вируси кои се слични на SARS-CoV-2. Можеби ќе наидеме и на неговите директни претходници, што може многу да ни каже како овој вирус преминал на луѓето“, додава тој.

Истражувањето енаречено A novel bat coronavirus closely related to SARS-CoV-2 contains natural insertions at the S1/S2 cleavage site of the spike protein и објавено е во магазинот „Current Biology“.