Изгледа судијата требаше да ја прекине играта пред Стерлинг да изнуди пенал за Англија во продолженијата од полуфиналето


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во самиот финиш на првото продолжение од полуфиналниот дуел на Европското првнество, Англија стигна до водство против Данска од 2:1 благодарение на пеналот кој беше досуден и со тој резултат се пласираше во финалето.

Хари Кејн го изведе пеналот, Шмајхел го одбрани од прва, но топката се врати кај Кејн и тој ја заби во противничката мрежа.

Но, овој пенал беше дискутабилен од две причини. Прво – сомнителен и дискутабилен е интензитетот на контакт после кој Стерлинг падна на земја пред данскиот гол. Но, за тоа, еве, може да се говори како за слобода на судиска одлука од страна на судијата Дени Макели и неговите колеги од ВАР собата. Сепак, еден детал кој претходеше на пеналот упатува на јасно кршење на фудбалските правила.

Во моментот кога Англија беше во акција од која Стерлинг изнуди пенал, на теренот имаше две топки. За ситуацијата да биде уште подискутабилна и поконтроверзна, Стерлинг во неговиот напаѓачки налет, пред да влезе во противничкиот шеснаесетник, помина покрај втората топка која се наоѓаше на теренот. Но, Макели не реагираше на тоа и не ја прекина играта, иако според правилата тоа мораше да го стори. Дури ни неговиот асистент пред кој топката беше на само неколку метри не реагираше на тоа.

За оваа ситуација и самите судиски одлуки уште долго ќе се зборува, но Данците нема да видат никаков аир од тоа, освен можеби задоволството дека правдата, сепак, била на нивна страна, но не била така доделена.