Жешко време


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Македонија денеска ќе преовладува претежно сончево и многу топло време, со мала облачност во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, на југоистокот од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 39 степени. Маврово 31, Охрид 33, Битола 37, Крива Паланка 35, Берово 33, Кавадарци 39, Дојран 40.

Во петок и понатаму ќе биде многу топло, но облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилно на повеќе места ќе биде во деновите од викендот, кога во попладневните часови на места ќе има и поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град. Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени.