Home Спорт Голот со кој Иниеста им ги скрши срцата на фудбалерите и навивачите на Челзи

Голот со кој Иниеста им ги скрши срцата на фудбалерите и навивачите на Челзи

Aндрес Иниеста во неговата кариера постигна голем број важни голови, но некои од нив посебно се издвојуваат.

Иниеста во 2010 година во финалето на Мундијалот против Холандија со својот гол на Шпанија и ја донесе светската титула, но покрај тоа има уште еден гол кој ретко кој го заборавил.

Имено, на денешен ден пред 11 години Барселона играше во Лондон во реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Челзи. „Сините“ имаа 1:0 и резултат кој ги води во финалето, но тогаш во последните секунди Иниеста постигна гол со кој им ги сруши соништата на навивачите и играчите на Челзи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…