Ги изненади сите: Серена Вилијамс ненадејно се повлече од Ролан Гарос


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најтрофејната светска тенисерка на престижните Грен слем турнири, славната Серена Вилијамс, на големо изненадување на сите, неочекувано се повлече од настапот на годинешното Отворено првенство на Франција во Париз.

39-годишната Серена фуриозно го започна настапот на Грен слемот во Париз, но неочекувано само еден ден по убедливиот триумф во 1 коло над Кристи Ан со 7-6 и 6-0 таа одлучи да го заврши својот настап на престижниот турнир во француската метропола.

Организаторите на Ролан Гарос објавија дека Серена Вилијамс се повлека од турнирот поради повреда на Ахиловата тетива.

Денеска Серена требаше да го одигра дуелот од 2 коло против Бугарката Светлана Пиронкова.