Десетте пораки за револуцијата од Мајаковски поради кои заврши во затвор


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во 1909 година, поетот Владимир Мајаковски, на своите сограѓани во лице им ги фрли „Десетте пораки за револуцијата“ и поради тоа помина десет месеци на робија.

Во 1917 година, во десет дена во октомври, револуцијата даде десет одговори на десетте пораки од Мајаковски – одговори кои го променија светот. Од тогаш поминаа десет пати по десет години. Дали вие имате некакви пораки за некаква револуција? Или ви е удобно да бидете модерни робови и удобно ви е додека ги слушате десетте пораки за револуцијата? Размислете.

РЕВОЛУЦИЈАТА ПОЧНУВА – кога луѓето веќе не го прифаќаат незадоволството како нормална состојба, а вие молчите, граѓани!

РЕВОЛУЦИЈАТА ПОЧНУВА – кога гневот од гладните не може да се плати со парите од ситите, а вие сте гладни, граѓани!

РЕВОЛУЦИЈАТА ПОЧНУВА – кога работниците одбиваат да бидат робови и си го земаат она што им припаѓа, а вие молчите, граѓани!

РЕВОЛУЦИЈАТА ПОЧНУВА – кога моралните закони не постојат, а пишаните се применуваат само врз сиромашните, а вие сте сиромашни, граѓани!

РЕВОЛУЦИЈАТА ПОЧНУВА – кога државата ги понижува старите, а ги апси или протерува младите, а вие молчите, граѓани!

РЕВОЛУЦИЈАТА ПОЧНУВА – кога власта му служи на народот, а не народот на власта, а вие слугувате, граѓани!

РЕВОЛУЦИЈАТА ПОЧНУВА – кога уметниците престануваат да бидат кукавици и на цел глас проговоруваат, додека вие молчите, граѓани!

РЕВОЛУЦИЈАТА ПОЧНУВА – кога се забранети слободниот збор и слободната мисла, а вие сте забранети, граѓани!

РЕВОЛУЦИЈАТА ПОЧНУВА – кога работа и леб има само за оние кои го слават и фалат царот, а вие молчите, граѓани!

РЕВОЛУЦИЈАТА ПОЧНУВА – кога полицијата, војската и безбедносните служби не се чувари на слободата, туку окупатори на сопствениот народ, а вие сте окупирани, граѓани!