Луксузната вила од Јелена Јанковиќ на продажба за 13,5 милиончиња


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившата број еден светска тенисерка, Србинката Јелена Јанковиќ, ја нуди на продажба нејзината луксузна вила која ја поседува во Сан Диего.

Оној кој евентуално ќе биде заинтересиран за стекнување сопственост на овој раскош, ќе треба да искешира околу 13,5 милиони евра

Вилата е сместена во елитна населба на Сан Диего, поседува тениски терен и базен. Целиот имот на кој се наоѓа луксузната вила се простира на површина од 15000 квадратни метри.

Во куќата има кино, соба за билјар, пет камини, вински подрум за 1.200 шишиња, 11 бањи, теретана, соба за масажа, сауна, подземна гаража за 12 автомобили, парна бања и други луксузни содржини.

Мебелот е од дрво орев, лустерите во вилата се од Сваровски кристал.