Напредна заштитна технологија – надворешни автомобилски перничиња

Германската компанија ZF посвете десет години во технолошки развој на нови, револуционерни воздушни перничиња за надворешниот дел од автомобилите и сега почнува со производство на оваа заштитна технологија.

Новата технологија на воздушните перничиња беше претставена кон крајот на минатата година на симпозиумит Ербег 2018 , каде германското решение привлече големо внимание.

Овие надворешни воздушни перничиња ги заштитуваат патниците во возилот без оглед каде седат , а кои со воведување на системот на автономно возење би можеле да се менуваат.

Воздушните перничиња се сместени во праговите на возилата долж самата кабина , а сензорите овозможуваат нивна активација за 100 милисекунди. Според ZF, ризикот на продор на страно тело во кабината се намалува за 30% , додека нивото на повреди на патниците е намален за 20-30%.

Освен самите перничиња, ZF нуди и најнова генерација на сензори, кои создаваат 3D проекција на околината, што го проценува времето и начинот на активирање на воздушните перничиња.

Првите автомобили со ваков систем би можеле да се појават во продажба за две години, проценуваат од германскиот производител.