Дали водачот на навивачката група „Шверцери“ ќе биде одговорен за македонските навивачи на Европското првенство?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Водачот на навивачката група на Шкупи „Шверцери“, Омер Буњаку бил одреден за одговорен за македонските навивачи на претстојното Европско првенство кое ќе се игра во Букурешт.

Ваквата информација донесе револт кај навивачите во државава кои се благо кажано изненадени од одговорноста да се даде на човек кој е водач на една од групите која неретко правела „антимакедонски“ потези и славела „Голема Албанија“.

Буњаку на јавноста и е познат и од инцидентот во кале каде што беше осуден на условна казна од седум месеци, а во 2014 година беше притворен за демолирање на кафуле во скопската чаршија. Тогаш се пишуваше дека бил револтиран затоа што во кафулето се пуштала песната „Распукала Шар Планина“.