House of One: Црква, синагога и џамија – три во едно


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во четвртокот, во Берлин, свечено беше поставен камен темелник за објектот наречен „House of One“, кој под исти кров ќе смести црква, џамија и синагога.

„House of One“ во севе содржи комплексна теолошка задача: без резерва да се примат другите духовни перспективи. Тоа е место на отвореност и толеранција“, рекол претседателот на Бундестагот Волфганг Шојбле за време на поставувањето на камен темелник во историскиот центар на Берлин.

Шојбле ја истакнал потребата за дијалог меѓу религиите, а тоа според него се покажало и преку антисемитистичките испади во текот на анти израелските протести во последните денови.

Проектот „House of One“ е инициран од пастори од три вери – христијанска, еврејска и муслиманска.

Еден од иницијаторите, протестантскиот свештеник Грегор Хохберг, ја истакнува важноста на симболиката на градење на оваа единствена установа токму на историски значајно место во центарот на Берлин, каде стоела црквата Св.Петар, изградена во 13 век, која по по тешките оштетување во текотн на борбите за Берлин во Втората светска војна е урната.

„На најстарата локација во Белин, таму каде стоеше неговата прва црква, сакаме заеднички да погледнте кон иднината. На темелите на старата црква градиме една целосно нова зграда- „The House of One“. Тоа ќе биде куќа за молитви и учење во која живеат три вери. Тоа ќе биде синагога, црква и џамија, се под еден покрив, рекол Хохберф.

Берлинскит градоначалник Мајкл Милер тој проект го нарекува „симборл на толеранција и успешен дијалог меѓу религиите“.

Верската градба, во која ќе има осум цркви, џамии и синагоги треба да има и заедничка сала за средби, и би требало да биде довршена до 2025 година, а предвидените трошоци за градба се 47.3 милиони евра. Од јавни средства и од приватни донации од над 60 земји досега се собрани 40 милиони евра, пишува Индекс.хр.