Home Актуелно Временска прогноза за последниот мајски викенд

Временска прогноза за последниот мајски викенд

Петочниот ден како најава за последниот мајски викенд времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а попладне засилен ветер претежно од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната од 21 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи особено претпладне. Ќе дува умерен, а попладне засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 13, а максималната ќе достигне до 23 степени. Маврово 17, Охрид 23, Битола 25, Крива Паланка и Берово 21, Кавадарци 26, Дојран 28.

Во сабота и во недела во поголем дел од денот ќе биде стабилно, а нови пообилни врнежи се очекуваат во првите два дена од следната седмица. Температурата ќе биде во постепено благо опаѓање.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…