Бред Пит се избори за заедничко старателство над децата од бракот со бившата сопруга Анџелина Џоли


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По петгодишна судска битка, Бред Пит доби заедничко старателство над неговите деца со Анџелина Џоли.

По неколкумесечно сведочење од сведоци и експерти за детски услуги кои разговарале со децата на Бред и Анџелина, судијата Џон Одеркирк, наводно, јасно ги изкажал своите ставовите за пресудата. Педесетгодишниот актер се бори во судскиот систем скоро пет години за да добие еднакви права на шесте деца што ги дели со неговата поранешна сопруга.

– Многу му олесна. Неговата единствена намера е да поминува повеќе време со деца – рече изворот близог до Бред Пит за „Пејџ Шест“.

Некогаш најатрактивниот грачен пар во Холивуд, Анџелина Џоли и Бред Пит се родители на шест деца, од кои пет се малолетни: Медокс (19), Пакс (17), Захара (16), Шајло (14) и близнаците Вивиен и Нокс (12).

Џоли наводно, ќе ја продолжи својата правна битка и изјавила дека пресудата на судијата е повеќе „пробна одлука“, пренесуваат медиумите.

– Заедничкото старателство не е прашање на кое се спротивставува Анџелина, имаше и други прашања кои што ја загрижуваа, но судските постапки се затворени и запечатени – рече изворот.

Адвокатите на Анџелина тврдат дека судијата „не го разгледувал соодветно придонесот кон нивните искуства, потреби или желби“, што го крши државниот кодекс што им овозможува на малолетниците од 14 до 17 години да сведочат.