Дали Реал Мадрид ќе му организира проштален меч на Федерер против Надал кој ќе се игра на Бернабеу?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Роџер Федерер најави крај на неговата натпреварувачка тениска кариера по Лејвер Купот, меѓутоа тој би можел да одигра уште еден меч, и тоа против најголемиот ривал Рафаел Надал.

„ЕСПН“ објави дека реновираниот „Сантијаго Бернабеу“ би можел да биде домаќин на епска битка меѓу двајцата тенисери.

Имено, Реал Мадрид сака да организира тениски спектакл на нивниот стадион, кој ќе биде проштален меч на Федерер, а ќе игра против Рафа Надал.

Големите ривали би настапиле пред публика од 80.000 гледачи, а засега не е познат датумот, но мечот сигурно ќе приреди историски спектакл.