Храната е сè поскапа – цените не престануваат да растат


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Цените на основните прехранбени производи не престануваат да растат. Ако одите во маркет на пазарење, за само шест основни производи ќе треба да одвоите минимум 500 денари.

Па така, ако во торбата ставите еден леб кој чини минимум 50 денари, 10 јајца, еден јогурт, салама, шеќер и зејтин ќе треба да платите најмалку 520 денари.

Цените за исти производи се различни од маркет во маркет, но на основните продукти отприлика се движат од 50 денари па нагоре. Па така: лебот чини минимум 50 денари, зејтинот се движи околу 140 денари за литар, 900 грама шеќер ќе најдете за 60 денари, јајцата се продаваат по 10 денари парче, литро млеко чини околу 70-80 денари за литар. Пипер, домат и краставица може да набавите за околу 50 денари килограм. 150 грама чајна ќе купите за околу 80 денари, додека цената на саламите се движи од минимум 100 денари па нагоре. Месото е нешто поскапо, па така кило пилешко или свинско месо може да купите за околу 400 денари. Високи цени имаат и млечните производи, литро јогурт се продава за околу 70 денари, додека цената на сирењето и кашкавалот почнува од 400 денари па нагоре.

Иако цените од ден за ден имаат нагорна корекција, од страна на производителите нема позитивни сигнали дека ќе следи некаква стабилизација.

Дека состојбата е загрижувачка, сметаат и економистите. Миле Бошков претседател на бизнис конфедерацијата алармира дека се потребни брзи и таргетирани мерки.

„Очекуваме дека Владата ќе направи интервентни мерки или помош од типот на намалување на даночни оптоварувања и не мора да значи поврзани само со енергија и околу енергија, туку и ќе поттикне размислување на целокупна одржливост./ наша насока е граѓани ќе мора или ќе треба да останат на исто ниво на стандард кои го имаат или да го подобрат. Иако тоа малце звучи лудо во овој момент, но многу е важна потрошувачката економија.“ изјави за Канал 5 Миле Бошков, претседател на бизнис конфедерација

За ублажување на ценовниот шок Владата ги ограничи маржите за основните прехранбени производи, а им скрати и некои дополнителни трошоци на трговците. Сепак мерките не успеваат да ја зауздаат инфлацијата која од месец во месец урива рекорди. Надлежните подготвуваат нов пакет помош тежок околу 70 милиони евра за граѓаните и фирмите кој според најавите треба да биде објавен веќе на крајот на месецов.