Се истражува смртта на 28-годишниот гостиварец кој беше најден со прострелна рана во главата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дежурен јавен обвинител од гостиварското Основно јавно обвинителство изврши увид на лице место во близина на семејна куќа на улицата „Гоце Делчев“ во Гостивар, каде синоќа беше пронајдено безживотно тело на машко лице на возраст од 28 години со прострелна рана во главата.

Починатиот бил однесен во Ургентниот центар во Гостивар од неговиот татко и таму била констатирана смртта. Врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.

При увидот на лице место се подигнати траги, како и оружје – пиштол кој ќе биде предмет на вештачење. По наредба на јавниот обвинител, обезбедени се видео записи од камерите на локалните објекти.

Преземени се и други дејствија од кои се очекуваат резултати за целосно расчистување на настанот.